Стојановски: Не се адаптиравме на физичката игра на Исланд, сега гледаме само напред

142

Кадетската кошаркарска машка репрезентација неуспешно го стартуваше  Европското првенство Б Дивизија кое што се одржува во Скопје и Гевгелија.

Нашите млади кошаркари загубија од Исланд со конечни 75-87 во дуел во кој реално не одиграа според очекувањата.

„Очекувавме физички многу силен противник, но не успеавме навреме да се адаптираме на нивниот стил на игра и да го спроведеме она што го договоривме пред натпреварот.

Со зонската одбрана успеавме да се вратиме резултатски, но во нападот премногу брзавме и не бевме дисциплинирани во реализацијата на нашите поставени акции. Во еден период можеби предолго останавме во зонска одбрана. Тоа беше тренерска одлука и ја преземам одговорноста за неа, но направивме многу грешки во ротациите и му дозволивме на противникот премногу отворени шута за три поени.

Исланд упати дури 51 шут за три поени, нешто што навистина ретко се гледа. Погодија 13, а ние, за разлика од вчерашниот натпревар, не бевме шутерски расположени и во повеќе ситуации носевме лоши одлуки во изборот на шут.

Конечниот резултат не ја отсликува целосно сликата на теренот, бидејќи долго време натпреварот беше израмнет. Во финишот се обидовме уште еднаш со пресинг да се вратиме, но веќе беше предоцна.

Сега гледаме само напред. Веќе утре нè очекува дуел против исклучително квалитетна репрезентација, а ние ќе дадеме сè од себе, исто како што го направивме и денес“ – изјави по мечот селекторот, Дејан Стојановски.

 

ПретходноРепрезентативец на Англија мора на суд, поради тепачка!
СледноФранко Мастантуоно и официјално на позајмица во Фиорентина