Дориев прогласен за играч на натпреварот

38

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Љупче Дориев е во животна форма. На стартот на новиот шампионат во Узбекистан, напаѓачот за својот тим Согдиана во досегашните 16 кола, постигна фантастични 12 гола, а додаде и три асистенции.

Со што е убедливо најефикасниот играч во тамошната конкуренција. Дориев ама буквално на рамена го носи својот тим во досегашниот дел од шампионатот, а беше реализатор и на единствениот гол за својот тим на вчерашниот дуел против тимот на Андијан на домашен терен.

Токму поради тоа е и прогласен за играч на натпреварот што е сосема логично. Поради фантастичната форма во која што Дориев се наоѓа во моментов, тој направи и кам бек во националниот тим.

 

ПретходноТројца поранешни македонски селектори на едно место: Вујо, Шундо и Лино!
СледноАнализа на судиските одлуки: ВАР правилно интервенираше во три клучни ситуации од мечот Шкендија (А) – Силекс