Тројца поранешни македонски селектори на едно место: Вујо, Шундо и Лино!

204

Еурофарм Пелистер од пред неколку денови е во Зрече каде ги одработува подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапува и во Европската лига.

Новиот стратег, Лино Червар во агендата за Словенија има и неколку пријателски натпревари, а првиот е против репрезентацијата на Катар. Селектор на овој национален тим повторно е Веселин Вујовиќ, кој уште сега го подготвува тимот за настап на Светското првенство 2027 година.

Во Зрече покрај пријателскиот натпревар интересно е што на едно место се сретнаа поранешните македонски селектори: Звонко Шундовски, Веселин Вујовиќ и Лино Червар, секој на свој начин остави свој белег, а најголемиот успех го има Шундо. Во 2012 година под негово водство Македонија го освои петтото на ЕП.

ПретходноСилекс извлече реми на гостувањето кај Шкендија Арачиново (ВИДЕО)
СледноДориев прогласен за играч на натпреварот