Алчевски го комплетираше трансферот во Тиквеш и има право на настап денеска, Ангелов и Максимов регистрирани за Брегалница

227

Големо, екстра засилување сега и официјално во таборот на Тиквеш. Имено голманот Марко Алчевски го комплетираше трансферот во тимот од Кавадараци, стигна сертификатот, и тој ќе може да настапи уште денеска на гостувањето на Тиквеш во Куманово кај Башкими.

Да потсетиме дека Алчевски, кој некогаш беше младински репрезентативец на Македонија, досега беше член на Брера, Борец, Хапоел Ерусалим, ОФК Београд.

Исто така добри вести и за Брегалница.Имено Матеј Ангелов и Методи Максимов се регистрирани за штипскиот клуб и тие имаат право на настап.

Да потсетиме дека Брегалница вечерва од 19 часот го дочекува Арсими на својот стадион под Исарот.

ПретходноПМФЛ: Моќниот Тиквеш на гости во Куманово, штипјани под рефлектори ќе уживаат во дуелот Брегалница – Арсими
СледноКожув се засили со српски бек!