Ретко кој очекуваше дека Брегалница просто ќе го демолира, ќе го декласира Арсими со 4:0. Според играта и шансите оваа победа можеше да биде поубедлива. Сепак и ова е одлично колку за прва победа сезонава во ова 2.коло.
Стојанов двапати, Максимов и Тасев по еднаш, стрелаа за домашниот состав на воодушевување на штипската публика која вечерва под светлоста на рефлекторите во еден убав фудбалски амбиент просто уживаа во играта и победата на своите миленици.
Брегалница покажа сила, тимот допрва ќе се комплетира и Брегалнива покажа дека има свои амбиции сезонава во елитата.
И јасно, по традиција, по победата вечерва, фудбалерите и стручниот штаб на “сините“ под водство на стратегот Никола Кузманов со победничко селфи од соблекувалната.
Како што доликува.















