Иако беше најавено, дека повратникот во елитата, тимот на Скопје својот прв меч сезонава на свој терен, ќе го игра на својот стадион, сепак ништо од Автокоманда, барем засега. Имено утрешниот натпревар од 2.коло во ПМФЛ меѓу Скопје и Струга Трим Лум и официјално се игра на еден од терените на Фудбалската федерација на Македонија. Ова доаѓа веројатно поради фактот дека стадионот на Автокоманда (Железарница) сеуште не во целост подготвен за еден прволигапшки натпревар, веројатно поставувањето на ВАР системот е во прашање.
Па така фановите на клубот од Автокоманда ќе мораат да одат на ФФМ за да го бодрат својот тим на утрешниот дуел со Струга Трим Лум.
Да потсетиме дека утре во исто време, од 17 часот, на Арената во Скопје се игра големото дерби меѓу Вардар и Шкендија.















