Полувреме во Штип: Максимов со асистенција и гол за 2:0 за Брегалница

158
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Одлично, феноменално деби на Методи Максимов за Брегалница вечерва против Арсими во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Прво некогашниот играч на Работнички и Шкендија, кој потоа имаше и интернационална кариера, му асистираше на Мартин Стојанов за 1:0 во 10.минута. Потоа во 28.минута самиот Максимов ја погоди мрежата на тимот на Арсими за 2:0 по првото полувреме.

Добри први 45 минути за штипјани кои се заканија уште во неколку наврати за поубедливо водство. Арсими преку Рамадани во 15.минута имаше голема шанса за израмнување.

ПретходноПелегрини е верен на Рома
СледноГотово е: Феран Торес прави трансфер во ПСЖ за 50 милиони евра!