Лесно, очекувано, убедливо. Победа на Тиквеш на гости кај Башкими среде Куманово со 0:5 во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Ако во првите половина час не видовме ништо, поради пеколната горештина на стадионот во Куманово, гостите од Кавадарци ја почнаа серијата голови во 36.минута преку Висдом за 0:1. По пет минути нов гол за 0:2 и тоа преку Лавал. Со тие 0:2 се замина на пауза.
Во второто полувреме Башкими се обиде да стори нешто, ама само се „отвори“ со што им помогна на гостите да постигнат уште голови. Се играше 72.минута кога Лавал го постигна својот втор гол а трет за Тиквеш.
Ренатињо стрелаше за 0:4,но истиот беше поништен поради офсајд, но сепак во следниот напад Попзлатанов погоди за 0:4.
И тоа беше се од Тиквеш. Ацковски во 88.минута постигна убав гол за 0:5. Ревија на убави голови.
Тиквеш во првите две кола постигна десет голови а прими само еден. Овој Тиквеш е моќен Тиквеш. Во следното коло игра дома со Шкендија Арачиново, а потоа гостува кај Скопје. Ете шанса оваа победничка серија да продолжи.
За Башкими што да се каже. Овој Башкими во првите две кола прими 11 голови веројатно ќе наликува на Шкупи од минатата сезона.















