Интер подобар од Јувентус на пријателскиот дуел во Австралија

66

Мечевите меѓу европските фудбалски гиганти во далечната Австралија продолжија и денес.

Екипата на Интер предмалку во пријателски меч во Перт, го совлада вечниот ривал Јувентус со конечни 2:1.

Ди Марко и Диуф беа стрелци во победата на Интер, додека пак на спротивната страна реализираше, Франциско Консеисао.

За Јувентус пак интересен податок е дека свое деби имаше новото засилување, интернационалецот од Босна, Керим Алајбеговиќ.

 

ПретходноДевет години од Супер купот во Скопје: Реал и Јунајтед ни приредија спектакл за паметење
СледноАрсенал носи ѕвезда од Серија А за 138 милиони евра?