Кожув се засили со српски бек!

39
Екипата на Кожув се засили на бековската позиција во името на 30-годишниот Стефан Симиќ, кој во редовите на гевгелискиот состав треба да го донесе посакуваното искуство и да биде вистински лидер на теренот.
„КК Кожув со задоволство го претставува Стефан Симиќ, 30-годишниот српски бек, кој во новата сезона ќе го носи дресот на гевгелискиот клуб.
Висок 193 сантиметри, Симиќ зад себе има богато искуство во српската кошарка, настапувајќи за Мега Баскет, Слобода Ужице, Младост Земун и Вршац, како и во црногорскиот клуб Сутјеска.
Во 2020 година го освои Купот на Кошаркарската лига на Србија, а во Кожув пристигнува со амбиција, искуство и желба за нови победи“, се вели на официјалната страница на клубот. 
ПретходноАлчевски го комплетираше трансферот во Тиквеш и има право на настап денеска, Ангелов и Максимов регистрирани за Брегалница
СледноЃоковиќ: Тој пораз ме уништи!