Големо, екстра засилување сега и официјално во таборот на Тиквеш. Имено голманот Марко Алчевски го комплетираше трансферот во тимот од Кавадараци, стигна сертификатот, и тој ќе може да настапи уште денеска на гостувањето на Тиквеш во Куманово кај Башкими.
Да потсетиме дека Алчевски, кој некогаш беше младински репрезентативец на Македонија, досега беше член на Брера, Борец, Хапоел Ерусалим, ОФК Београд.
Исто така добри вести и за Брегалница.Имено Матеј Ангелов и Методи Максимов се регистрирани за штипскиот клуб и тие имаат право на настап.
Да потсетиме дека Брегалница вечерва од 19 часот го дочекува Арсими на својот стадион под Исарот.















