Македонските кадети поразени од фаворитот Хрватска

49

Македонската машка кадетска репрезентација го запиша вториот пораз на Европското првенство Б Дивизија, откако беше совладана од фаворитот Хрватска со 112-57.

Селекцијата предводена од некогашната хрватска легенда, Роко Укиќ уште во првото полувреме. На стартот беше изедначено, а потоа противникот со поени од контранапади ги казнуваше нашите грешки. После 21:15 во првата четвртина, Хрватска со серија од 15-0 зголеми на 36-15. Македонија на одморот успеа са намали на 46-33.

Нова серија за Хрватска во третата четвртина значеше нова голема негатива за нашата репрезентација. Противникот отвори со 10-2 за високи 56:35. Тука нашите момци го загубија чекорот. До крајот не се промени ништо. Пред стартот на последната четвртина Хрватска имаше позитива од 81-47.

И на овој натпревар прв стрелец беше Шабани со 16 поени и 8 скока. На другата страна синот на Укиќ, Лука, постигна 28 поени.

Утре е слободен ден на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Скопје и во Гевгелија. Следен противник на Македонија е селекцијата на Швајцарија, дуелот се игра во понеделник, исто во салата “26 април” во Гевгелија.

ПретходноГотово е: Феран Торес прави трансфер во ПСЖ за 50 милиони евра!
СледноОдличен настап на штипјани: Брегалница го демолира Арсими!