Артим Положани по победата над Вардар:“Честитки за момците, одиграа исклучително добар натпревар“!

210

Секако дека шефот на струката на Шкендија, Артим Положани, беше и тоа како задоволен од изданието на своите избраници на дербито со Вардар попладнево во Скопје, кое го добија со 0:2. Иако не можеше да смета на неколку свои стандарни играчи, Положани сепак успеа заедно со својот тим да го победи Вардар.

Мислам дека ова беше целосно заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото полувреме, почетокот на натпреварот не беше добар, но тоа е нормално со овие услови што ги игравме денес, исклучително е тешко да се влезе во играта. И со оглед на тоа што доаѓавме од тежок натпревар во Шкотска, освен првото полувреме или првите 20 минути од натпреварот, мислам дека сè зборуваше за нас. Сепак, заслугата дефинитивно им припаѓа на момците бидејќи одиграа исклучително добар натпревар“посочи тој и додаде…
“Дербито дефинитивно беше психолошки тешко, дефинитивно игравме против противник кој беше шампион минатата година“ рече покрај другото Положани.

ПретходноПод Шара вечерва гори: Еве како фудбалерите на Шкендија беа пречекани од своите фанови!(ВИДЕО)
СледноПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)