Македонија има големи шанси, заедно со Србија и Словенија, да биде домаќин на ЕП 2034!

101

Пред извесно време имаше најави, ама тоа денеска се чини дека е потврдено, а тоа е дека Македонија, заедно со Србија и Словенија ќе биде кандидат за домаќин на ЕП 2034 во ракомет. И има големи шанси да успее во тоа. 

Ова денеска го потврди претседателот на РСС Божидар Ѓурковиќ на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија:
„Претходните денови имавме три средби со претставниците на Федерацијата на Македонија и Словенија, начелно се договоривме за сè, а пред да ја објавиме заедничката кандидатура, ни е потребна вашата согласност. Сакаме Европското првенство да се одржи во три земји, со по две групи во секоја, а Србија да биде домаќин на финалниот викенд. Искрено, имаме големи шанси да бидеме домаќини, сите три земји имаат организациски можности, па верувам дека ќе успееме“ рече покрај другото Ѓурковиќ како што пренесуваат медиумите во Србија.

Секако дека треба да веруваме дека Македонија ќе биде дел од уште една успешна ракометна приказна. Овој спорт кој во Македонија и онака е најпопуларен и најуспешен, заслужува да биде домаќин на еден вака голем спектакл.

ПретходноСовршен крај: Македонските кадети се деветти во Европа!
СледноРадост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)