ПМФЛ: Струга ТЛ само до бод на гостувањето кај Скопје!

141

Скопје – Струга ТЛ 1:1 е исходот од попладневниот меч на ФФМ од 2.коло. Секако дека овој резултат е изненадувачки, посебно ако се знае што гостите промашија во првиот дел кога можеа уште тогаш да го решат победникот.

Голем бод за Скопје и тоа благодарение на Наумовски, кој правеше чуда на својот гол. Струга ТЛ сепак поведе со голот на Малески во 55.минута, а домашните израмнија во 63.минута преку Беровиќ.

Многу шанси, многу зицери за Струга ТЛ во првото полувреме. Хамза ја отвори серијата шанси за Струга ТЛ, па следуваа ударите на Бојку двапати, Воша двапати, Радески, Малески. Сепак голманот Наумовски блескаше на својот гол. Просто неверојатно е како Струга ТЛ си дозволи на пауза да замине без голови, но само поради домашниот голман.

Сепк ова не можеше вечно да трае. Струга ТЛ во продолжение од средбата покажа дека знае да дава и голови.

Прво Шабани во 47.минута имаше супер шанса, но Наумовски одбрани. И кога се чинеше дека Скопје се отвори, Малески се најде сам пред Наумовски и умешно стрелаше за 0:1. Ова е негов прв гол сезонава.

Се играше 63.минута кога Шабани стрелаше за 0:2 откако двојно одигра со Воша. ВАР неколку минути проверуваше можен офсајд и на крај голот беше поништен, бадијала радоста на Шабани и неговите соиграчи.

По тој момент домашните тргнаа на се или ништо, тој поништен гол како да им даде некоја сила на “пиратите“.

И тоа вроди со плод, кога Беровиќ успеа со шут со глава од само неколку метри успеа да израмни на 1:1. Ова е прв гол на Скопје во новата сезона во ПМФЛ и прв примен гол на Струга ТЛ.

По тоа израмнување голема борба на теренот, Струга ТЛ никако не успеваше ја најде таа игра од првото полувреме, додека “Пиратите“ се закануваа и со втор гол.

Малески во 90+2.минута имаше зицер за победа, но не искористи чист зицер.

Па така на крајот се заврши со поделба на бодовите.

ПретходноПСЖ со 115 милиони евра тргнува по ѕвездата на Реал Мадрид!
СледноТамба шоу во Скопје – Шкендија го прегази мизерниот Вардар (ВИДЕО)