Македонскиот ПМФЛ шампионат го има на програмата своето второ коло, а во него на Аренаат попладнево се среќаваат Вардар и Шкендија во првото големо дерби сезонава.
На полувреме резутатот е 0:0, во дуел во кој и двата тима немаа стопроцентна шанса, туку спорадични обиди, кои или завршија со удар околу голот или со сигурна интервенција на чуварите на мрежата.
Родригез и Омерагиќ кај домаќинот на стартот се најдоа во поедини ситуации, Ибраими на спротивната страна го истестира Талески.















