Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, потврди неговото семејство.
„Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо Дон Нелсон мирно почина кај Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружуваа со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасни спомени“, се наведува во соопштението на семејството. Нелсон остави огромен белег во НБА.
Речиси 12 години, тој го држеше рекордот по број на тренерски победи со 1.335, пред Грег Попович да го престигне на врвот.
За време на својата кариера, тој ги водеше Милвоки Бакс, Њујорк Никс, Далас Маверикс и Голден Стејт Вориорс, каде што беше последен тренер од 2006 до 2010 година. Три пати беше прогласен за најдобар тренер во НБА лигата – во 1983, 1985 и 1992 година – и двапати го водеше тимот до натпреварот на ѕвездите. Во 1994 година, Нелсон беше и тренер на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, која освои злато на Светското првенство во Торонто. Ѕвезди како Шакил О’Нил, Доминик Вилкинс, Реџи Милер и Шон Кемп играа во тој тим. Пред неговата одлична тренерска кариера, Нелсон беше исклучително успешен и како кошаркар. Играше за Чикаго Зефирс и Лос Анџелес Лејкерс, додека во текот на 11-те години што ги помина со Бостон Селтикс, освои дури пет титули во НБА.
Hall of Famer Don Nelson, three-time NBA Coach of the Year and five times a champion as a player with the Boston Celtics, has died at age 86.
The family has issued this statement:
“On Sunday morning our beloved husband, dad, grandfather and great-grandfather Don Nelson… pic.twitter.com/MkDMNugYcu
— Marc Stein (@TheSteinLine) August 9, 2026










