Совршен крај: Македонските кадети се деветти во Европа!

383

Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветото место на Европското првенство, откако на последниот натпревар го победи Израел со 39-29. До триумфот нашите момци дојдоа благодарение на одличната игра во второто полувреме.

Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски по вторпат во само неколку месеци потврдија дека се класа за Израел, претходно оваа земја ја победија во финалето на Светското училишно првенство во ракомет.

Првото полувреме не беше најдобро, противникот ја имаше иницијативата водеше и со четири гола разлика (10-14). Полсе негативата од 19-20 на одморот следеше фуриозна игра. Веднаш на стартот на вториот дел, Македонија поведе со 22-20, по што полека, но сигурно ја зголемуваше позитивата. Со серија од 9-0 дојде до убедлива двоцифрена позитива од 38-28 пред самиот крај на натпреварот.

Дамчевски со осум погодоци беше прв стрелец во триумфот, зад него беше Вујичевски со шет погодоци.

ПретходноАраухо денеска ќе се појави во Ливерпул на лекарски прегледи
СледноМакедонија има големи шанси, заедно со Србија и Словенија, да биде домаќин на ЕП 2034!