Тамба шоу во Скопје – Шкендија го прегази мизерниот Вардар (ВИДЕО)

1527

Она што требаше денеска да биде големо дерби на стартот од новиот шампионат на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Шкендија на Арената во Скопје, се претвори во показна вежба на гостите како треба да се одигра еден важен меч.

Тотална доминација на Шкендија и победа од 0:2 во наптревар во кој тимот од Тетово создаде пет, шест зицер ситуации, а реализираше две од нив.

Фабрис Тамба, инаку резерва на овој меч, на два пати го матираше Талески. Шкендија погоди и трет пат, но голот беше поништен поради офсајд.

Првиот дел од ова дерби не може да се опише освен како битка на две екипи кои не создадоа ниту една посериозна шанса за гол. Домаќинот во почетните неколку минути преку Родригес, односно Омерагиќ нешто се обиде, а на спротивната страна Бесарт Ибраими го истестира Давор Талески на голот на Вардар.

Тамба реализира на асистенција на Ндзенгуе

На стартот на вториот дел Шкендија направи три измени во составот и тоа сериозно се почувствува на терен. Шансата на Креизиу, ударот на Трумчи беа претходница на водството на тетовци.

Одличен контра напад на Ндзенгуе кој што изби по левата страна и одлично на вториот дирек го ангажираше нововлезениот Тамба, кому не му беше тешко да забие во мрежата на Талески. Тоа се случи во 55. Минута, а само секунди подоцна, Пиреш на спротивната страна имаше зицер ситуација. Излезе сам пред Амзаи одкосо, биеше но голманот на Шкендија одлично одбрани.

Шкендија својата прва зицер неискористена шанса ја имаше во 58. Минута кога Ндзенгуе проба да го мине Талески, шутираше, во трк, а голманот на Вардар одлично интервенира.

Во 73 минута Креизиу излезе сам пред Талески но наместо да шутира тој се обиде да го минува, му снема едноставно простор за маневар и топката озчезе во гол аут.

Минута подоцна, Шкендија не искористи ситуација „4 на 2“ кога Тамба лошо нафрли на петерецот и не погоди апсолутно никого иако имаше два свои соиграчи во идеална позиција.

Тамба заверува двојно водство

Во 76. Минута Шкендија дојде до двојна предност откако Тамба излезе сам пред голот на Талески кој што беше излезен, па на напаѓачот на Шкендиај не му беше тешко да реализира.

До крајот Шкендија имаше уште минимум три до четири ситуации да реализира уште еднаш но Талески спаси катастрофа.

ПретходноПМФЛ: Струга ТЛ само до бод на гостувањето кај Скопје!
СледноПобеди Шкендија, ама победи и Хиберниан и тоа кај Ренџерс!