Од денеска Струга ТЛ е посилна за Ќендрим Исмаили (27), интернационалец од Косово. Исмаили е најновата аквизиција на стружани и може да игра на левата бековска линија како и задниот дел од линијата за врска.
Тој доаѓа од Теута, клуб од Албанија, а претходно играл и за екипите на Тирана, Фљамуртари.
Откако беше промовиран, Исмали изјави:
„Дојдов во Струга Трим Лум поради добрата организација на клубот. Во минатото имав контакти со директорот, па ја користам оваа можност да му се заблагодарам за довербата, но сега беше време да го направам овој трансфер. Исто така, морам да нагласам дека во минатото работев и со тренерот Шкемби во Тирана, па затоа сум среќен што повторно соработувам со стратег како него.“















