Екипата на ГФК Тиквеш предмалку објави дека се засилува со македонскиот младински репрезентативец Мухамед Елмас.
Досегашниот член на Македонија ЃП се сели во Кавадарци за да го засили тимот на Тиквеш, кој што одлично го стартуваше новиот ПМФЛ шампионат со две победи по две кола.
Елмас важи за еден од најдобрите млади играчи во Македонија, но повредите засега го спречуваат да го покаже сиот свој потенцијал. Да се надеваме дека истите овојпат ќе го избегнат и ќе има полна минутажа во Кавадарци.















