Тамба: Секако дека сум среќен по победата во дербито, постигнав два гола!

100

Херој на Шкендија на вчерашното дерби со Вардар секако дека е Фабрис Тамба, напаѓачот на тетовци. И не само поради двата гола за 0:2, туку и за тоа како го одигра овој натпревар интернационалецот од Сенегал. Тамба беше предводникот на извонредниот настап на Шкендија која просто играчки го прегази својот голем ривал:

Можам да кажам дека беше тежок натпревар поради климатските услови, бидејќи беше многу жешко. Но, се снајдовме добро, влеговме во второто полувреме со поинаков начин на размислување. Влеговме на теренот и им покажавме дека сакаме да го добиеме овој натпревар, и го сторивме тоа“ рече Тамба и дополни…

Секако дека сум среќен, постигнав два гола. Како што видовте, минатата година беше истото, постигнав гол во мојот прв натпревар, беше истото дерби. Но, од сега па натаму, мислам дека мора да останеме приземјени и да се фокусираме во четврток, бидејќи имаме многу важен натпревар во Европа“.

ПретходноНапаѓачот се повреди на загревање: А што ако играше и Марко?! Вардар имаше и среќа…
СледноБомба од Мадрид! Арда Ѓулер прифати понуда од 18 милиони евра!