ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Артим Положани (Шкендија)

58
ФОТО:facebook.com/fcshkendija

Кога ќе се победи на гости кај Вардар со 0:2, кога твојот тим просто ќе го прегази актуелниот шампион и кога поразениот состав е среќен зошо примил само два гола, тогаш е јасно дека тренер на ова 2.коло е Артим Положани, стратегот на Шкендија и тоа без конкуренција.

Иако кога беше назначен за шеф на струката имаше недоумици и недоверба дури и кај тие што навиваат за Шкендија, сепак Положани многу брзо, за само еден месец, покажа дека тој е вистинскиот за клупата на клубот од Тетово.

Два меча на стартот во новата сезона во ПМФЛ и две убедливи победи со гол-разлика 5:0, победа над Вардар и газење на ривалот на негов терен, пласман во 3.квалификациска рунда во Лигата на Конференции со голема шанса за пласман во плеј – офот.

Ова се резултатите на Шкендија под водство на Артим Положани. Очигледно е дека Македонија добива голем тренер.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 2.КОЛО: Тамба ЛАМБА на Градски
СледноБарса ја отфрли првата понуда на ПСЖ за Феран Торес