Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не беше дел од составот на Ренџерс во саботниот пораз од Хиберниан, противникот на Шкендија во третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции.
Ренџерс загубија и тоа на свој терен со 1:2, а јавноста веднаш се запраша што се случува со нашиот репрезентативец.
Нашите информации велат дека со Миовски се е во ред, и дека е во прашање само појака настинка ништо повеќе. Не се работи за никаква повреда и напаѓачот веќе е на тренинг и се подготвува за следниот предизвик.










