Искусниот чувар на мрежата Ристе Јанков е нов голман на екипата на Арсими. Тој се приклучува на екипата од Чегране, по две изминати етапи од новиот шампионат, во кој што Арсими има очигледен проблем со дефанзивата и примените голови.
Токму затоа очигледно дека управата реши да се засили до крајот на преодниот рок со што е можно повеќе квалитетни играчи.
Јанков последно беше дел од екипата на Македонија ЃП, која што во моментов е дел од ВМФЛ шампионатот.
Покрај Јанков, во Арсими пристигна и Мухамед Мислими.















