Се е во ред со Миовски

187

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не беше дел од составот на Ренџерс во саботниот пораз од Хиберниан, противникот на Шкендија во третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции.

Ренџерс загубија и тоа на свој терен со 1:2, а јавноста веднаш се запраша што се случува со нашиот репрезентативец.

Нашите информации велат дека со Миовски се е во ред, и дека е во прашање само појака настинка ништо повеќе. Не се работи за никаква повреда и напаѓачот веќе е на тренинг и се подготвува за следниот предизвик.

 

ПретходноНикола Серафимов роденденски ќе се бори за понатамошен пласман во ЛШ
СледноРисте Јанков е нов голман на Арсими