Македонската кадетска машка репрезентација со пораз ја заврши групната фаза на Европското првенство Б Дивизија. Нашите кошаркари беа совладани од Украина со 84-70 во битката за третото место .
Веќе однпред беше познато дека Македонија ќе се бори за пласман од 9-то до 16-то место во продолжение во шампионатот.
Победникот на мечот беше решен во третата четвртина во која противникот беше подобар со 24-10. Нашите момци се обидоа да се вратат во самиот финиш, но немаше доволно време.
Шабани со 21 поен и 11 скока беше прв стрелец, добра партија повторно пружи Коневски кој запиша 16 поени и 7 скока, исто број на поени имаше и Анѓеловски.










