Македонскиот репрезенаттивец и интернационалец Никола Серафимов денеска полни 27. години. Стоперот е 99′ годиште и е еден од стандардните членови на нашиот национален тим годиниве. Веќе забележа триесетина настапи за А селекцијата, постигна и еден гол, а денеска има задача да се избори за пласман во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите.
Серафимов вечерва од 17:00 часот со својот Левски на гостински терен против казахстански Каират ги брани софиските 1:0, во обид да го елиминира незгодниот противник.
Серафимов беше стартер на првиот меч, се надеваме дека така ќе биде и вечерва










