Италијанските медиуми секојдневно се бават со судбината на Елиф Елмас, најдобриот македонски фудбалер во моментов, кој што периодов има сериозен момент за решавање. За него нема место во тимот на Ред Бул Лајпциг, каде што има сериозен и богат договор, и тешко се наоѓа клуб кој што ќе го преземе истиот, каде што Елмас би играл на позајмица, или како откупен евентуално.
Текстови околу судбината на Елмас има дузина, е еден кој што е објавен во денешното издание на Кориере Дело Спорт, вели следново.
Тимот на Фиорентина има отворен интерес за него, но проблем е што во овој клуб бројот на странци, е пополнет. Односно има максимален број на играчи кои што немаат ЕУ пасош. Нешто што Елмас не поседува за жал.
Конечно, тиражниот медиум вели дека спортскиот директор на Фиорентина, Фабио Паратичи отворено и гласно размислува за опцијата на Елмас која што во моментов очигледно е доста комплицирана за реализација.










