ПМФЛ трето коло: Струга ТЛ и Вардар во недела, Шкендија ќе ја пречека Брегалница на ФФМ под рефлектори

871

Денеска од Фудбалската федерација на Македонија го објавија распоредот за следното трето редовно коло од ПМФЛ шампионатот.

Дербито на оваа кампања е во Струга каде домашниот Трим Лум го пречекува Вардар. Дуелот се игра в недела од 16:30 часот. Од 19:00 часот пак на комплексот Петар Милошевски во Скопје, Шкендија ќе ја пречека Брегалница во вечерен термин.

Колото пак ќе го отворат Аресими и Башкими со својот дуел в петок на 14.08.2026 од  16:30 часот, додека в сабота на програмата се мечевите Тиквеш – Шкендија Арачиново и Силекс – Скопје.

 

ПретходноШкендија ги пушти во продажба билетите за дуелот со Хиберниан
СледноКориере Дело Спорт: Европскиот пасош, пречка за Елмас да пристигне во Фиорентина