На првиот меч на годинашниот турнир „Струга 2026“, Вардар успеа без никакви проблеми да дојде до рутински триумф против составот на Прилеп со 39:29 (18:13).
Уште на стартот се покажа кој е кој на овој меч. Шампионот брозо “набилда“ разлика а на пауза се замина со 18:13.
Прилепчани малку дадоа посилен отпор на почетокот од второто полувреме со два гола за 18:15, но сепак во продолжение од ова средба на теренот тимот на стратегот Иван Чупиќ едноставно си ја покажа силата иако тој доста ротираше со составот.
Со оваа победа шамионот е на чекор до пласман во финалето, сега го чека и дуел со РК Бутел.










