Струга 2026: Охрид убедливо го доби “езерското дерби“!

73
ФОТО: Денис Дуковски

Охрид не само што убедливо го дони „езерското дерби“ со 37:24 против домашниот состав на “Струга 2026“, туку покажа моќно издание со кое порача дека има намера го одбрани трофејот освоен лани.

Иако не беше се така лесно за големиот фаворит во првата фаза од средбата, сепак како што одминуваше времето ракометарите на Охрид го искажаа својот квалитет и на крајот славеа со убедлива разлика од +13 голови.

На Охрид сега им треба победа и против Дубочица за да повторно играат во финалето. Треба да се каже дека победничкиот тим вечерашниот меч го заврши без својот тренер Борис Ројевиќ, кој на почетокот од второто полувреме доби црвен картон.

ПретходноУЕФА Суперкуп: Да се знае кој е кој – ПСЖ освои нов трофеј!(ВИДЕО)