УЕФА Суперкуп: Да се знае кој е кој – ПСЖ освои нов трофеј!(ВИДЕО)

203
ФОТО:facebook.com/PSG/

ПСЖ – Астон Вила 2:1 е исходот од вечерашниот меч во УЕФА Суперкупот, кој се одигра во Салцбург. Нова победа, нов трофеј за актуелниот европски првак. Со ова составот на Луис Енрике ја одбрани титулата и во Суперкупот ако се знае дека ПСЖ лани успеа да слави против Тотенхем.

Стрелци на головите за ПСЖ беа Кварацкелија во 20. и Дуе во 61.минута, додека тимот од Бирмингем успеа преку Маџо да израмни на 1:1 во 45.минута од првото полувреме. Токму Маџо вечерва испиша историја. Тој само со 17 години е најмладиот кој настапил во еден меч во Суперкупот во историјата и секако најмлад стрелец.

Инаку убав меч во Салцбург, колку за почеток на сезоната. Тимот на Унаи Емери по таа 30.минута одигра сосема добро. Имаше неколку шанси, пред се преку Маџо. Интересно е дека при 1:1 во второто полувреме Астон Вила имаше две шанси за водство, и кога не реализираа нејзините играчи, тоа го стори Дуе за водство, а како се покажа на крајот и за победа.

Што да се каже за моќниот состав на Луис Енрике? Шампион на Европа во 2025 и 2026 и освојувач на Суперкупот во 2025 и 2026, а притоа и шампион на Франција и Купот на Франција.

Едноставно ваква доминација на еден тим во Европа едноставно не се памети.

На крајот да кажеме дека овој меч по малку е историски, ако се знае дека главен судија беше Омар Артан од Сомалија. Тој е судијата на кој не му беше дозволено да влезе во САД и да суди на СП 2026. Секако голем гест на УЕФА, за првпат судија надвор од Европа да суди на натпревар во Суперкупот.

ПретходноАлварез и Симеоне очи во очи, сега препрека е Серлот!
СледноСтруга 2026: Охрид убедливо го доби “езерското дерби“!