Виктор Ефремовски е верен на КК Работнички

36

Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека е продолжена соработката со стандардниот негов член Виктор Ефремовски и искусниот кошаркар и во следниот период ќе го носи дресот на нашиот трофеен клуб.

Тој веќе десет сезони е дел од овој клуб и прераснува во вистинска легенда на тимот од Градски парк.

Ефремовски константно во изминатиот период е еден од најдобрите кошаркари на Работнички и логично е управата да направи се за да тој и понатаму го носи дресот на некогашниот шампион на Македонија.

ПретходноПоложани: Победа против Хиберниан и пласман во плеј офот на ЛК
СледноМарко Ѓорѓиевски е во комбинација за дуелот со Хиберниан