Положани: Победа против Хиберниан и пласман во плеј офот на ЛК

80

Денеска на Арената Тодор Проески во Скопје, екипата на Шкендија ја одржа официјалната прес конференција по повод реванш дуелот од третото коло од квалификациите за Лигата на Конференции, против тимот на Хиберниан од Шкотска, кој што ќе се одигра на нашиот најголем стадион утре со почеток од 20:00 часот.

Првиот дуел во Шкотска заврши со пораз на тетовци од 2:1, но тоа е далеку од некаков негативен момент. Шкендија покажа и на гости дека има капацитет да се носи со квалитетниот противник и тоа е мотив повеќе за избраниците на Положани за утрешниот меч.

„Беше тешка недела за нас. Имавме тежок натпревар во Шкотска, па моравме да се вратиме во Скопје и да играме против Вардар. Среќни сме што победивме пред овој важен натпревар со Хибернијан. Се обидовме да поштедиме некои играчи за утрешниот меч. Сакаме да победиме и да одиме понатаму, во плеј-офот“, изјави тренерот Артим Положани.

На прес конференцијата присуствуваше и Александер Трумчи, еден од најдобрите играчи на Шкендија периодов.

„После победата против Вардар атмосферата е на високо ниво. Но, кога заврши натпреварот, веднаш се фокусиравме на мечот против Хибернијан што нѐ очекува. Игравме добро и во Шкотска, веројатно и заслуживме подобар резултат. Се надевам дека утре ќе го покажеме најдобро од нас и дека ќе победиме“, додаде Трумчи.

ПретходноМеси за прв пат се огласи по смртта на татко му: Тато, сè уште не можам да поверувам дека си замина
СледноВиктор Ефремовски е верен на КК Работнички