Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски и официјално си замина од тимот на Сараево. Ова беше најавено пред извесен период, но секако поради активниот договор кој што искусниот дефанзивец го имаше со клубот беше потребен одреден период да се нивелираат некои детали.
Со ова дефинитивно завршува уште една епизода од богатата кариера на еден од најдобрите македонски фудбалери во изминатата декада.
Ристовски како што е добро познато во Сараево пристигна од Динамо Загреб, каде што ја имаше улогата и на капитен, а претходно имаше и епизода секако во големиот Спортинг Лисабон.










