Прилеп го победи Бутел Скопје во дебито на Стоилов

207

Екипата на Прилеп дојде до првата победа на струшкиот турнир, откако славеше со 31-29 против Бутел Скопје во дебито на Стојанче Стоилов. Клучен за триумфот беше Благојче Трајкоски, зад своето име запиша 16 интервенции.

И двата тима понудија интересна битка, на одморот беше 17-17. Водството се менуваше, со тоа што финишот беше екстра возбудлив, Бутел Скопје поведе со 26-24. Но токму благодарение на одбраните на Трајкоски прилепчани приредија пресврт, поведоа со 28-26, а потоа и 29-27, одовлно за победа.

Шипинкоски беше прв стрелец со шест голови, на другата страна Јовиќ имаше седум погодоци.

ПретходноПолувреме: Криезиу двапати се закани, ама нема голови на Арената
СледноСудии за 3.коло во ПМФЛ: Ристовски “главен“ на дербито во Струга