Навивачите на Вардар имаат 12 дена за да купат сезонски билети

71

Вардар ги пушти во продажба сезонските билети за новата сезона. Цената изнесува 4.500 денари, а со купувањето на овој билет, фановите ќе можат да ги проследат сите натпревари на „црвено-црните“ вклучувајќи ја и групната фаза во Лигата на шампиони.

„Почетокот на сезоната наближува. За таа цел, под слоганот „Љубовта наша голема” започнува продажбата на сезонски билети за домашните натпревари кои РК Вардар 1961 ќе ги одигра во домашното првенство и Купот, Регионалната лига и групната фаза од Лигата на Шампионите.

Цената на сезонскиот билет изнесува 4500 денари, а продажбата се врши единствено онлајн, преку продажната мрежа на клубот.
При купувањето, навивачите имаат можност самите да изберат свое место во салата од каде ќе го бодрат клубот на домашен терен, во СЦ. „Јане Сандански” и во „Расадник”, за каде исто така ќе важат сезонските билети, без разлика на тоа што седиштата не се нумерирани.
Купените билети во PDF формат, подоцна ќе бидат заменети со пластифицирани карти со кои на сопствениците на сезонски билети ќе им се овозможи влез на натпреварите.
Продажбата ќе трае до 25.08.2026
Пред полни трибини сè е поразлично и сè е можно. Да се бориме заедно за Вардар, вие од трибините, а ние на теренот. За љубовта наша голема, во пораз и победа!

Купи сезонски билети и бодри го Вардар“, порачаа од Вардар. 

ПретходноСкопје низ “очите“ на Шкотите: Град опседнат со историја во кој има “повеќе споменици отколку луѓе“!
СледноШкотски фанови се освежуваат во Скопје: Каде ли дојдовме на овој пекол?