Потврдено: Ѓорѓиевски, Димоски и Амзаи заздравија од повредите и ќе можат да играат против Хиберниана тренерот Положани

154

Добри вести за шефот на стручниот штаб на Шкендија, Артим Положани пред вечерашниот реванш со Хиберниан во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Имено Марко Ѓорѓиевски, Бојан Димоски и голманот Астрит Амзаи синоќа на последниот тренинг на Арената “Тодор Проески“ без проблеми тренираа, тоа значи дека заздравија од повредите и вечерва на нив ќе може да се смета.

Голманот Бабукар Гаје и натаму е повреден и тој и не ќе може и вечерва да биде во комбинација.

Тој е единствениот на кого Положани не ќе може да смета. Себастијан Спахиу пред неколку дена си замина од клубот, па така тој повеќе не е дел од Шкендија.

ПретходноЃуретановиќ со најдобро време на 200 метри слободно на Европското првенство
СледноСезоната сè уште не е ни започната, а Мурињо веќе станува нервозен поради судиите