Галасатарај нуди 25 милиони евра за Костов?!

81
ФОТО:.facebook.com/crvenazvezdafk

Нова “бомба“ од Турција. Имено Галатасарај е подготвен да плати дури 25.000.000 евра и процент од следната продажба за Василије Костов.
Локалниот новинар Ферхат Кизилташ објави дека дури и пред натпреварот со Хапоел, Галатасарај испратил официјална понуда вредна дури 25.000.000 евра, како и 15% од следната продажба.
Ова не беше прв пат турските клубови да покажат интерес за Костов, а Галатасарај покажа најголем интерес и дава најмногу пари.
Костов беше поврзуван со бројни клубови, последниот гигант што се појави беше Интер, но планот на Италијанците беше да го испратат на позајмица во Каљари.
Интер наводно понудил помалку пари, до 20.000.000 евра, што е исто така значителна сума, но помалку од понудата на Галатасарај.
Сепак, не треба да се заборави на односите меѓу навивачите на Црвена Звезда и Галатасарај, поради убиството на црвено-белиот навивач Марко Ивковиќ во Истанбул, а прашањето е дали раководството би се согласило на преговори, а самиот играч на трансфер.

ПретходноДоку „не мрда“ од Сити
СледноШпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул