Далиќ со одговор за неговата плата во ОАЕ: Не дојдов заради за парите!

67
фото:.facebook.com/cff.hns/

Златко Далиќ беше официјално претставен како нов тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Хрватскиот стручњак со тоа отвори ново поглавје во својата кариера по долг и исклучително успешен период на хрватската клупа.
Далиќ ќе остане во репрезентативниот фудбал, но за прв пат ќе води репрезентација надвор од Европа. Раководството на локалната асоцијација верува дека неговото искуство од големите натпреварувања може да им помогне на Емиратите да направат значаен пробив во однос на резултатите.

Според неофицијални информации, Далиќ ќе заработува пет милиони евра годишно на новата работа, без дополнителни бонуси. Станува збор за сума што е речиси три пати поголема од неговата моментална плата во Хрватскиот фудбалски сојуз. Сепак, 59-годишниот стручњак инсистира дека парите не биле главната причина за прифаќање на понудата. На презентацијата, тој нагласи дека не дошол на Емиратите на одмор, туку со јасна желба да направи сериозен резултат.
„Не дојдов тука за да уживам на плажите, туку да работам напорно. Ни треба поддршка од целата нација и медиумите, мора да бидеме тим. Ако не го постигнеме тоа, нема да направиме ништо. Истото беше и во Хрватска“, рече Далиќ.
Зборувајќи за финансиските услови, новиот селектор на ОАЕ повтори дека платата што му е понудена не била приоритет за време на преговорите.
„Не сум тука за пари, туку за работа. Парите беа последното нешто на што мислев. Најважно е да се чувствувам добро тука“, рече хрватскиот стручњак.

ПретходноНеверојатно: Дориев со три асистенции во победата на Согдиана
СледноНекогашниот шампион на Премиерлигата на продажба!