И тоа не било кој туку досегашниот играч на тимот на Тотенхем и англиски репрезентативец, Џед Спенс.
Тој веќе е во Милано каде што ќе ги одрабпти лекарските прегледи и ќе потпише договор со италијанскиот шампион.
Интер за него плаќа 35. милиони евра плус 10% од неговиот следен трансфер во друг клуб.
Спенс одлигра одличен Мундијал и беше јасно дека Тотенхем тоа ќе го искористи за да го продаде за сериозна сума.
Тој е дете на Фулам и има колоритна фудбалска кариера досега. Одеше на позајмица во Мидлзброу како дете, Нотингем Форест, пред да потпише за Тотенхем. Потоа замина во Рен во Франција исто така на позајмица, па во Лидс, па во Џенова во Италија пред дефинитивно да избие на површина со негови 26 години во моментов.










