Нека му ја мислат: Еве што ги чека играчите на Ц.Звезда со Риера!(ВИДЕО)

208
ФОТО:Printscreen/X/Ismat Baigi4@

Шпанскиот стручњак Алберт Риера е новиот тренер на Црвена Звезда. По кратката авантура во Ајнтрахт од Франкфурт, Риера доаѓа во Белград, град каде што можеше да пристигне во зима, но потоа стигна понуда од Германците. Риера се смета за многу темпераментен стручњак кој треба да воспостави ред во соблекувалната, а се појави и снимка од негов говор. Јасно е што ги чека играчите на Звезда.

Па, нека му ја мислат. Секако дека голем дел од оние што сега се сметаат за стандарни, а не играат ништо ќе мора да се замислат за својот статус. Секако дека ќе треба да се замислат и првите луѓе на клубот, кои веќе нема да имаат шанса кај Риера тие да го составуваат тимот.

ПретходноНекогашниот гигант утре стартува во ВМФЛ: Работнички доведе десет нови имиња
СледноХаланд доби сертификати за четири Гинисови рекорди!