Роналдо се врати на тренинзите со нов имиџ по свадбата

74
ФОТО:printscreen

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите во саудискиот клуб Ал-Наср само неколку дена откако го потврди својот брак со долгогодишната партнерка Џорџина Родригез. Иако веста за својот брак ја објави пред три дена, тој им се придружи на соиграчите вчера во подготовките за новата сезона. Роналдо, исто така, покажа нов имиџ на тренинг, а ги изненади навивачите со значително пократка коса и нова фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Новата сезона на Саудиската Премиер лига започнува веќе утре. Ал-Наср го пречекува Ал-Фатех дома во првиот натпревар, со што ја започнува одбраната на шампионската титула. Свадбата на Роналд и Џорџина се шпекулираше со недели пред официјалната потврда. Двојката сега потврди дека се венчани, но сè уште не откри дали го одбележале настанот со свадбена прослава.

ПретходноПСЖ заврши уште една одлична работа, и оваа го слави Ливерпул!
СледноУште еден неверојатен кам-бек: Македонија од минус 18 до победа против Унгарија