Македонската судијка со знакот на ФИБА, Ема Никочевиќ направи уште еден голем чекор во кариерата.
Нашата Ема денеска ќе биде дел од судиската тројка на финалниот натпревар помеѓу Белгија и Шведска во рамките на Европското првенство Б Дивизија кое се одржува во Пјештани. Ова е меч за пласман во елитната дивизија, што значи дека е големо признание за работата на македонската судијка.
Никочевиќ продолжи да ги урива сите бариери и воедно да биде пример дека може да се успее и на меѓународно ниво, но со упорност и многу работа.










