Вардар ќе го предизвика ГРК Охрид на струшкото финале

220

Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23).

Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов. Победникот беше решен уште во првото полувреме (21-13).

Домаќинот Струга го освои второто место во својата група откако славеше во пресметката со Дубочица од Србија со минимални 28-27. Стружани имаа водство од два гола на паузата (14-12). На завршниот ден ќе играат во дуелот за третото место на овој традиционален турнир против екипата на Прилеп.

ПретходноСтојановски: Ова е тим, и она што ни треба секогаш, 40 минути!
СледноНа Де Јонг му „прекипе“: Доста е!