Во големото дерби во Словенија: Тренчовски и Митровски во финишот испуштија победа против Марибор!

108
ФОТО:.facebook.com/nkolimpija/

Штета. Олимпија на нашите Југослав Тренчовски, како тренер, и Димитар Митровски во самиот финиш на големото дерби во Словенија, испушти победа против вечниот ривал, тимот на Марибор. На крајот само 1:1, велиме само ако се знае дека до 85.минута составот на нашиот стратег имаше водство од 1:0 и тоа со голот на Урбанчиќ во 45+1.минута откако претходно нашиот интернационалец Митровски прекрасно асистираше.

И така беше се до 85.минута кога гостите со голот на Заховиќ успеаја да се спасат од пораз. Инаку ова беше трет меч на клупата на Олимпија на македонскиот стратег Југослав Тренчовски и првото реми. Претходно имаше победа и пораз.

Да кажеме и тоа дека Митровски беше стартер и во игра беше се до 89.минута.

ПретходноПикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…
СледноГРК Охрид го победи Вардар и го одбрани пехарот на струшкиот турнир