Поранешниот соиграч на Антиќ е трејдуван во Шарлот

69

22-годишниот германски репрезентативец Денис Шрудер повеќе не е член на Кливленд Кавалирс, тие го продадоа на Шарлот Хорнетс, објави американскиот новинар Шамс Чаранија од ESPN.

Овој трансфер е веќе договорен, покрај Шрудер, Шарлот ќе добие одредена сума пари, додека Тре Ман ќе оди во спротивна насока.

Шрудер во Шарлот повторно ќе се спои со сегашниот претседател на Хорнетс, Џеф Петерсон, и тренерот Чарлс Ли, кои ги запозна за време на неговиот престој во Атланта на почетокот на неговата НБА кариера, во 2013 година.

Тој беше член на Атланта Хокс до 2018 година, во периодот од 2013 до 2015 беше соиграч со македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ. Подоцна смени голем број станици во најсилната лига во светот – од Оклахома, Лејкерс, Бостон, Хјустон, Торонто, Бруклин, Голден Стејт, до Детроит и Сакраменто, пред да пристигне во Кливленд во февруари оваа година.

ПретходноДенеска стартува ВМФЛ: Работнички, Пелистер, Шкупи, Македонија ЃП, Брера…во битка за враќање во елитата
СледноПМФЛ: Моќниот Тиквеш против Шкендија (А) оди по “три од три“, Силекс ги дочекува “пиратите“