Стојановски: Ова е реалноста, не чека многу работа во иднина

106

Македонската кошаркарска репрезентација до 16. години на 14. место го заврши тековниот Европски шампионат Б дивизија кој што патем се одржува кај нас.

Во мечот за разигрување, нашите млади кошаркари одиграа очаен дуел и загубија со огромна разлика од репрезенатцијата на Бугарија.

Конечниот резултат од   62-102 доволно говори за односот на силите на овој дуел, а истото го потврди и нашиот селектор.

„Денеска не бевме спремни за борба, а направивме и многу тактички грешки. Не се држевме до гејм-планот, во многу моменти бевме недисциплинирани, а тоа на ова ниво не смее да се случи. Повторно имавме многу грешки и не е добро вака да се презентираме“, вели Стојановски.

Сепак, селекторот смета дека целокупната слика од настапот на првенството е реална, особено ако се земат предвид ограничувањата со кои се соочуваше тимот.

„Мислам дека оваа слика е реална. Ние во групната фаза игравме на максимум. Имавме и лоши моменти, тоа е нормално, но немаме длабока клупа која може да ги компензира тие работи.“

За крај, Стојановски ја потенцираше потребата од континуирана работа со оваа генерација.

„Многу работа е пред нас!“

Македонија го завршува настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ на 14. место, по денешниот пораз од Бугарија.

ПретходноРед Бул со генералка против Баерн, Елмас не е ниту во составот, во игра кам бек во Наполи
СледноМарко Грујиќ заедно со нашиот Серафимов во Левски