На Де Јонг му „прекипе“: Доста е!

483
ФОТО:facebook.com/fcbarcelona

Френки де Јонг го прекина медиумскиот молк и остро одговори на бројните написи за неговите повреди, неговиот однос со тренерот на Барселона, Ханси Флик, и наводниот конфликт со раководството на клубот.

Холандскиот играч од средниот ред изјави дека е особено лут поради лагите кои, како што тврди, му штетат на угледот.

„Сè што се случува многу ме погодува. Фрустриран сум затоа што најмногу сакам да играм фудбал, особено за Барселона и репрезентацијата, па секоја повреда ме нервира екстремно. Но, сега се објавуваат многу невистини. Гледам дека тоа ми го оштетува угледот и влијае на перцепцијата на луѓето за мене. Ме лути и иритира“, рече Де Јонг.

Тој нагласи дека прифаќа критики за неговите настапи, но ги негираше тврдењата дека одбил да игра против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите минатата сезона.

„Тоа е целосна лага. Едноставно не е вистина. Мојот сон е да играм за Барселона, особено на најважните натпревари во Лигата на шампионите. Секако дека сакам да бидам на теренот, тоа е она што го сака секој играч. Не разбирам како некој може да измисли дека сум одбил да играм.“

Де Јонг ги отфрли и обвинувањата за лош однос со Флик и луѓето од администрацијата на Барселона.

„Тоа е чиста измислица. Се сложувам многу добро со тренерот и постојано разговараме. Слободно прашајте го за тоа. Исто така, беше напишано дека имам лоши односи со клубот, што исто така не е вистина. Често комуницирам со луѓе од раководството и директорите. Би рекол дека нашиот однос е многу добар“, рече Холанѓанецот.

ПретходноВардар ќе го предизвика ГРК Охрид на струшкото финале
СледноСега во прашање се часови: ПСЖ пред промоција на херојот на Шпанија + уште еден фудбалер